Вести Македонија Топ вести

Здравствените работници ќе протестираат в среда и да добијат плати во понеделник и вторник

Иако добиле ветување од директорката на ФЗО дека во понеделник до крајот на работното време ќе им бидат исплатени задоцнетите јануарски плати, здравствените работници в среда излегуваат на протест. Ова го велат од Синдикатот на Клинички центар, од каде потенцираат дека во зависност од тоа како ќе оди исплатата на платите, протестот може и да продолжи.

– Добивме ветување од директорката на Фондот дека во понеделник со крајот на работното време ќе бидат исплатени платите на Клинички. Така што ние тоа го почитуваме. Но, доколку не бидат исплатени платите ние во вторник ќе свикаме Извршен одбор, ќе свикаме Совет и ќе донесеме одлуки за понатамошни чекори. Независно, во вторник и да бидат исплатени платите, протестот во среда ќе се одржи, вели Горан Беговиќ- претседател на Синдикат на Клинички центар „ Мајка Тереза“.

Платите на здравствените работници доцнат зашто беше хакиран и пробиен системот на ФЗО, преку кој сите вработени во здравството во Македонија примаат плати. Министерот за финансии Бесими најави дека доколку до понеделник не се реши проблемот со системот, платите за здравствениот кадар ќе се обезбедат од Централниот трезор, а потоа ќе се порамнат со трезорот на Фондот за здравство. И додека „ белите мантили“ чекаат плати,  со проблеми за набавка на лекови се соочуваат дел од граѓаните.

– Од кај докторката треба да дојдат рецепти. Е сега кој завршил работа- завршил. Сега , откако им падна системот не можеме да земеме лекови. Бев и вчера и денеска. Мислам, нема како да се снајдеме.

 

– Некои лекови ги нема и се набавуваат малку со некое задоцнување. Значи имаше недостиг.

 

– Нема некој проблем. Програмата падна за фактурите и за запишување нови пациенти. Се надеваме дека наскоро ќе го надградат.

Во оваа ситуација, проблеми имаат и аптеките, откако добија инструкции од ФЗО, за секој здравствен осигуреник за кој не постои податок за платен придонес по 5. февруари, да го известат Фондот за неговото име, презиме и матичен број, дали лицето има осигурување. А, процедурата може да трае и до три дена.

ФЗО речиси и да немал никаква заштита во моментот кога се случил хакерскиот напад и  пробивањето на информатичкиот систем бидејќи била избрана нова фирма која требало да го одржува и штити системот. Хакирањето се случило додека се вршел преносот на податоците, па затоа била спуштена заштитата, а претходната фирма немала направено бекап на податоците, дознава „Телма“. Станува збор за два огромни пропусти од двете фирми кои никој во Фондот не ги утврдил.

Хакерите тоа вешто го искористиле и откако упаднале во системот ги заклучиле податоците, а тоа го потврди и премиерот Ковачевски кој кажа дека се бара откуп за пристап до информациите.

Директорката Грашковска се уште е недостапна да каже до каде е постапката за одблокирање на системот и дали податоците на здравствените осигуреници се безбедни.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ја потопи оваа власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе