Македонија

Недостига документација за сè што е изградено во Македонија за реална слика за сеизмичкиот ризик

Новите градби во Македонија минуваат низ ригорозни контроли, а ИЗИИС двапати излегуваат на терен за да направат технички увид на секој објект. Сепак, немаме реална слика за сеизмичкиот ризик при силни земјотреси како во Турција, за сите постојни градби и за довоградбите зашто недостасува документација за нивното проектирање и изградба, велат од ИЗИИС.

„Имаме постојни градби. Имаме надградби и доградби кои што претставуваат проблем при вакви земјотреси.А, исто така мора да признаеме  дека имаме и нелегални објекти за кои што немаме  никакви сознанија за нив, немаме документација. Тоа се работи  кои мислам дека во иднина треба да ги подобриме и да ги надминеме. Само тогаш можеме да зборуваме реално  какви ни се сите градби во Скопје и во државата“, вели Влатко Шешов, директор на ИЗИИС.

Деновиве кога светот е ужаснат од катастрофалниот земјотрес во Турција, а годинава се навршуваат 6 децении од скопскиот земјотрес, потребна е примена на искуствата од Јапонија како трусно подрачје кое успешно се справува со честите потреси на земјиштето. Таму се применува сеизмичка изолација за која кај нас се потреби технолошки достигнувања и други компоненти на долг рок, иако имаме драгоцено искуство со такво градење на училиштето „Песталоци“.

„Не се само средствата. Пред сè ќе кажам тоа не се прави преку ноќ. Треба развој , треба истражувања, па дури тогаш да имаме примена. И покрај примената треба да имаме одржување на тие сеизмички изолатори“, дополнува директорот на ИЗИИС, Шешов.

Примената на сеизмичката изолација е темата на работилницата која започна денеска на ИЗИИС. На неа експетри од Јапонија , но и наши од ИЗИИС, ќе разменуваат знаења поврзани со оваа област.

„Сакаме да размениме информации. Ние ќе ја претставиме новата технологија за одбрана, превенција или ублажување на било каква трагедија од идните земјотреси. Ние треба да се подготвиме. Ние треба да ги зајакнеме подготовките  од можни земјотреси“, вели Казуја Оцука, амбасадор на Јапонија во Македонија.

Работилницата на ИЗИИС продолжува и утре.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе