Вести Македонија Најважни

Јавниот интерес е проблем за министерот Бектеши

Ниту еден медиум не треба да поставува прашања за набавка на гас, струја, мазут или било кој друг енергенс, иако е од јавен интерес, бидејќи тоа очигледно го иритира министерот за економија Крешник Бектеши кој наместо да даде конкретни и прецизни одговори, ја напаѓа работата на новинарите медиумите и ги обвинува за спреги.

Денеска повторно, наместо да даде одговор зошто државата со буџетски пари плаќа поскапо за набавка на гас, тој ја нападна репортерката само затоа што го постави прашањето.

Прашање новинар: „Прашањето ми е дали Вие лично сметате дека ЕСМ направи добра зделка, дали не беше избрзана одлуката да се потпише на месечно ниво договор по фиксна цена од 98 евра кога на берзата цената е далеку пониска?“

Бектеши: „Добра соработка најверојатно имате со колегите. Значи ви ги даваат нивните прашања што сакаат да ги постават.“

Откако беше предупреден за неумешниот коментар и обвинување му беше поставено истото прашање зошто плаќаме поскапо, но одговор немаше. Овојпат говорницата во прес-центарот министрот Бектеши ја искористи за да ги поучи медиумите дека тука не се да коментираат и дека најверојатно тоа е негово ексклузивно право.

Новинар: „Министре, со оглед дека на секоја прес-конференција алудирате дека прашањата што ги очекувате од мене или мојата колешка ги поставуваат други колеги, време е да престанете затоа што е крајно безоразно и вашите коментари се крајно безобразни и не се на место. И да имаме соработка, тоа е наша работа како што Вие имате соработка со Ковачевски (Васко) и тоа е ваша работа. Конкретно прашање, зошто плаќаме поскапо?“

Бектеши: „Вие не сте тука повикани да давате коментари, да поставувате прашање. Ако мислите дека во прес-центарот може да давате коментари, тогаш тоа може да го направите во вашите емисии и вие лично и вашите колеги да ги повикате тие луѓе што сакате да ги прашате и после тука да дебатирате“

Ова не е првпат министерот Бектеши, наместо да одговори на прашања од јавен интерес поставени од други медиуми во прес-центарот на Владата, но и пред министерството за економија да обвинува за нарачки и да суди и проценува кој требало да го постави тоа прашање и зошто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе