Вести Македонија Топ тема

Нано Ружин во Топ Тема: Светот се деглобализира и сега е пред нова формула на реглобализација од регионален карактер

Гости во вечерашната Топ Тема на Телма се Исмет Рамадани, политички аналитичар и Нано Ружин, поранешен амбасадор, кои говорат за уставни амандмани обврска од договорот од Преспа, како и придобивките од членството на Македонија на НАТО.

  • „Таа промена беше услов за ние да можем да бидеме членка на НАТО, знам дека тешко одеше со промените на Уставот, но кога ја гледаме состојбата сега каква е, сега сите велат дека се чувствуваме побезбедни и на вистинската страна со најсилните и најбогатите држави. Ние дури сега гледаме дека било добро по руската инвазина на Украина и сега целиот прогресивен свет со демократско уредување е обединет како никогаш повеќе и тоа го потврдува и вчерашната средба  НАТО – ЕУ и тоа покажува дека припаѓаме таму каде што треба да припаѓаме. Тоа не значи дека треба да спиеме мирно но, имаме сигурност, имаме пријатели и сојузници со кои можеме да ја пребродиме и кризата“, истакна Исмет Рамадани, политички аналитичар.

Нано Ружин се осврна на престројувања на меѓународниот светстки поредок како последица на руската инвазија во Украина.

  • „А што кога очекуваме огромни престројувања на меѓународниот светстки поредок доколку не бевме членска на Алијансата. Сите се оптоварени со тоа што се случлува во Украина, но се случуваат три форми на судири, меѓу авторитарните и демократските режими, вториот е меѓу оние што се борат што настојуваат да остане стариот меѓународен поредок, значи општа глобализација и третиот голем и помалку видлив е сидирот меѓу САД и Кина. Со пандемијата и воната со Украина заврши т.н. систем на глобализација. Светот се деглобализира и сега е пред нова формула на реглобализација од регионален карактер. Последиците се многузначни многу историски и многу важни за бвезбедноста на граѓаните. Нашето јавно мислење има сопствени емитовно ориентација но факт е дека бладогадрение на Преспанскиот догово ние станавме членскана алијансата, не сме повеќе ФИРОМ, тиуку сме Северна Македонија и сега се бориме со корупцијата со функционирањето на судстката законодавната власт. Голем настан беше тоа што се промени Уставот по потпишувањето на Преспанскиот договор и станавме членка на Алијансата“, истакна Ружин.

Емисија во живо можете да ја следите и на нашата Фејсбук страница

  • Ние живееме во еден систем на партократија, квалитетни кадри не се ставаат на места, туку се ставаат партиски послушници. Имаме полно несопсобни луѓе, луѓе спремни за корупција и организиран криминал. Се случува осиромашување на луѓето и младина без иднина. Еве да ја земеме законодавната власт таа е нефункционална во Македонија. Парламентарците од 365 дена 88 биле на работа, не се носат закони. Судската власт трпи критики, извршната власт не е иделана во таа коалициона поставеност има многу промашувања, кадровската политика не е идеална. За жал ние сме се уште држава во транзиција, рече поранешниот амбасарот Нано Ружин.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Топ Тема – Претседателска дебата Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски 01.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе