Вести Македонија Најважни

Обвинителството тврди клиниката заработила 1,6 милиони евра, а Митрев порачува се гледаме на суд, невин сум

Вкупно 283-ца пациенти врз кои била применета хемофилтрацијата во клиниката Жан Митрев се оштетени со измама за што обвинителството денеска поднесе обвинение и против кардио-хирургот Жан Митрев и против неговата клиника. На брифингот во обвинителството беше соопштено дека се собрани докази и искази на пациенти, како и изјави на блиски на починатите кои раскажувале како е понудена хемофилтрацијата за лекување.

Осомничениот прикривал клучни факти за хемофилтрација и го прикажувал методот каков што не е и каков што не треба да биде. На тој начин пациентите биле доведени во заблуда од страна на обвинетиот дека хемофилтрација е алтернативен начин на лекување на корона. Доказите упатуваат дека осомничениот со јавни настапи и презентации ја промовирал методата иако не била одобрена за лекување на Ковид. Никој од оштетените и од пациентите не знаел што е хемофилтрација и не дал согласност, велат од обвинителството.

Обвинението ќе го гони Митрев за измама по став кој предвидува затворска казна од една до десет години. Со хемофилтрациите, според обвинителството, Митрев и клиниката заработиле имотна корист од околу 97 милиони денари односно околу 1,6 милиони евра. Од клиниката пак порачуваат се гледаме на суд и тврдат дека и во најтешките периоди работеле според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лекување.

Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО, тврдат од клиниката Жан Митрев.

Со обвинението е опфатен само Митрев, додека за Министерството за здравство и за надлежните органи не е покрената постапка иако пред нивни очи се одвивала кампањата на Митрев за  успешност на хемофилтрацијата. Обвинителството смета дека тоа не може да биде опфатено со кривична постапка иако е логично и граѓански да се бара одговорност на институцијата.

Обвинителството го отвори предметот по допрен глас по објавениот истражувачки документарец на ИРЛ „Нечиста крв“. Оштетените се и жители на Македонија, но има и иселеници кои се лекувале кај Митрев, како и граѓани од Косово. Обвинителството не се обидело да докажува дали причина за смрт на некој од пациентите е резултат на хемофилтрација бидејќи тоа според медицинските експерти не може да се утврди.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе