Вести Македонија Најважни

Скопје се гуши во ПМ10 честици

И денеска како и изминатите денови Скопје е дел од најзагадените градови во светот.  Според IQAir, швајцарска технолошка компанија за квалитет на воздухот, последните десет дена главниот град нa Македонија неколку пати се најде рангиран меѓу најзагадените градови во светот. Нивоата на ПМ10 и ПМ 2,5 честички во воздухот измерени во Скопје беа околу 28 пати повисоки од безбедносниот праг утврден од Светската здравствена организација.

Деновиве во скопската котлина се задржа и густа магла која дополнително ја влоши состојбата со загадувањето. Според најавите на метеоролозите за денеска попладне се очекува можно расчистување.

Според здравствените работници најпогодени од ваквото време се хронично болните и децата, барем според повиците кои ги добила итната медицинска помош.

Покрај во Скопје висока загаденост е регистрирана и во Штип, каде веќе седми ден е меѓу градовите со загаден воздух, покажуваат мерните станици на лабараторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Ректорот на Универзитетот, кој воедно ја раководи и лабараторијата, Дејан Мираковски вели дека Штип вчера бил со најзагаден воздухот, мерните станици покажале трипати поголемо загадување, односно измерени се 171 микрограми ПМ честички, додека утринава изнесуваат 108 микрограми ПМ честички. Штип досега имаше најчист воздух во земјава, но веќе една недела го нема ветерот и намалена е и видливоста заради густата магла, која не е карактеристична за овој град.

Мираковски потенцира дека греењето на дрва на домаќинствата, кои поради енергетската криза во поголем број се вратија на овој начин на затоплување на своите домови, е причината за зголеменото загадување на воздухот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе