Вести Македонија Топ вести

КОД: Полицајци на Блаце му „дозволиле“ да избега на албански државјанин баран поради лажен македонски пасош од скандалот „Двојник“

Код во вечерашното издание открива дека двајца гранични полицајци на преминот Блаце го задржале но го пуштиле да избега Сокол Бибај, албански државјанин со потерница поради поседување на лажен македонски пасош со украден идентитет. Бибај имал пасош со име Андон Папи којшто е откриен во рамките на истрагата Двојник за 215 лажни македонски пасоши, од кои голем дел завршиле кај белосветски криминалци.

На преминот Блаце во време на чудното бегство на Бибај имало и висок полициски функционер, открива КОД за истрагата којашто уште е отворена и бара и други виновници.

Македонските пасоши се спомнуваат и во судницата во Белград каде се суди на озлогласената мафијашка група на Беливук. Многу криминалци и убијци имале македонски пасоши, откриваат сведоците на судењето во Србија.

КОД е вечерва во редовниот термин во 19:15 (недела 25.12.2022.).

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе