Вести Најважни Свет

Нови полициски рации во повеќе канцеларии на Европскиот парламент

Полицијата спроведе нови рации во канцелариите на Европскиот парламент во Брисел при што запленила компјутерски податоци на 10 парламентарни соработници, како дел од внатрешна истрага за наводите за корупција, кои го тресат Европскиот парламент.

Обвинителите до сега заплениле и неколку стотици илјади евра на три различни локации, 600 000 евра во домот на еден од осомничените, неколку стотици илјади евра во куфер запленет во хотелска соба во Брисел и околу 150 000 евра во стан на европратеник, пренесува Асошиејтед прес.

Пред неколку дена полицијата во Брисел уапси четири лица меѓу кои и потпретседателката на ЕП, Ева Каили, европратеничка од грчката ПАСОК под сомнение дека се вмешани во коруптивниот скандал.

Поради сомнежите за вмешаност во корупција, Каили беше исклучена од нејзината партија во Грција, беше суспендирана од политичката групација на социјалдемократите во ЕП, беше разрешена и од функцијата заменик-претседател на Европскиот парламент, а Грција го замрзна нејзиниот имот.

Обвинителите во случајот одбија да ја идентификуваат земјата осомничена дека нуди пари или подароци на парламентарни службеници во замена за политички услуги.

Неколку членови на ЕП и некои белгиски медиуми ја поврзаа истрагата со Катар, кој е домаќин на тековното Светско фудбалско првенство. Министерството за надворешни работи на Катар, пак, негираше каква било злоупотреба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илјада луѓе побараа лекарска помош, водата во Гостивар забранета за пиење

Kristina Kuzmanovski

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе