Вести Македонија Топ вести

Во петок на распит Љупчо Горгиевски, претседателот на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола

Битолското обвинителство постапува по кривичната пријва за основачите на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“. На  распит во петок  треба да се јави претседателот на здружението Љупчо Георгиевски, а ќе бидат повикани и други лица. Тој е осмничен за ширење расизам и ксенофобија на ФБ страницата на клубот. Од обвинителствот велат дека се уште не е покренато обвинение, како што денеска објавија бугарските медиуми

На 16-ти декември на пладне, Љупчо Горгиевски, претседател на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола, е повикан да даде исказ во битолското јавно обвинителство. Тој е осомничен за кривично дело ширење расизам и ксенофобија по пат на компјутерски систем, за што му се заканува казна затвор од една до пет години.

На распит ќе бидат повикани и други лица од здружението, потврдија за Телма од јавното обвинителство и велат деке се работи на предметот, но се уште не е покренато обвинение, како што денеска објавија бугарските медиуми.

  • „Постапката е во тек и се преземаат дејствија за проверка на сите околности, вклучително и распит на повеќе лица, за што јавниот обвинител упати покана и до лицето кое го наведувате, како лице пријавено со поднесената кривична пријава. Покани за да дадат исказ пред надлежен јавен обвинител ќе бидат упатени и до други лица. До овој момент, не е донесена одлука за поднесување на обвинение“, се наведува во одговорот од ЈОРМ.

Георгиевски остана недостапен на повиците на Телма да одогвори дали в петок ќе се јави  во обвинителството, кое постапува и по доказите што до него ги достави Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, затоа што културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во задениот рок не ги испочитува препораките да ги отстрани спорните содржини од Фејсбук страницата.

Здружението не ги испочитува ниту препораките за отстранување на спорните содржини од името, статутот и програмата поради констатирани тешки форми на дискриминација.

Емилија Мисирлиевска

https://youtu.be/airLp5wT8ic

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе