Вести Македонија Најважни

Таткото Џафери се огласи за аферата на синот

Седумнаесет дена по откривањето на аферата за син му, се огласи и таткото Џафери. Откако со денови ги избегнуваше, новинарите денеска го начекаа при посетата на косовскиот претседател на Собрание. На прашањето, дали влијаел на одлуката за предвременото полагање на правосуден испит за неговиот син, кусо одговори:

„Никогаш, никаде и никому не сум вршел притисок што се однесува по однос и на мој статус и по однос на членови на семејство“, изјави претседателот на собранието, Талат Џафери.

Синот на спикерот Џафери не е единствениот кој го положил правосудниот испит пред да се здобие со законски потребните 300 кредити. Истрагата на просветните инспектори откри 449 уверенија издадени од  Штуловиот универзитет, за завршени три години по Болоњскиот систем, во кои стоеле и 180 кредити, но и степен  7/1, што одговара за четири години.

Откако Антикорупциската комисија во петокот најави дека ќе проверува дали и други факултети го следеле истиот пример, Телма испрати прашања до универзитетите, од каде добивме негативен одговор.

Од УКИМ тврдат дека на правниот факултет „Јустинијан Први“, со воведување на Болоњскиот систем, сите студенти кои завршиле прв циклус правни студии, се стекнуваат со 180 кредити и им се издава уверение и диплома со стручен назив-дипломиран правник, но не и степенот 7/1.

Истата потврда денеска стигна и од битолскиот Универзитет, каде правните студии траат четири години, но покрај кредитите, не стои и степенот на квалификација.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе