Вести Македонија

Прострелна рана во главата и пиштол до телото – за ова се знае од малкуте информации за смртта на Маја Миа во Јужна Африка

Без многу детали, но со официјална потврда за трагичниот крај. Пронајдена е македонката Маја Јанеска, почината дома во својата спална соба.

Прострелна рана во главата и пиштол до телото – за ова се знае од оскудните информации кои пристигнуваат од јужноафриканската полиција.

На социјалните мрежи позната како Маја Миа, инфлуенсерката го загубила својот живот во место блиску до Јоханесбург – на околу осум илјади километри воздушна оддалеченост од родниот Охрид.

Сега истрагата е отворена, но во оваа фаза случајот не се третира како сомнителен, иако јавноста го перцепира како обвиткан во мистерија. Телото на Јанеска го пронашол нејзиниот партнер кој бил во куќата, известува тамошниот медиум „Њуз24“, кој се повикува на извори од полицијата.

Веста за трагедијата ја потврдуваат и од македонското Министерство за надворешни работи, од каде што наведуваат дека помагаат за транспорт на телото во Македонија.

Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добивме потврда за трагичниот настан. Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопштија од мнр.

Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

Таа објави и неколку фотографии со сегашни и поранешни функционери и политичари.

Додека била во Скопје, Јанеска одржала и мотивациски говор пред студенти, на кои им раскажала како на 19-годишна возраст се преселила во Танзанија, каде добила понуда да работи во хотел, го научила свахили јазикот и започнала кариера како стилистка и шминкерка.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе