Вести Македонија

Одлив на кадар во штипската Клиничка болница: За две години заминале 70 вработени од кои 20 лекари, најава за нови по Нова година

Седумдесет вработени, од кои 20 лекари, си заминале од штипската Клиничка болница. Директорот Ален Ѓеорѓијев вели, за две и пол години од 550 вработени, сега на сите одделенија работат вкупно 470 лекари, медицински кадар и хигиеничари. Кадарот си заминува по различни основи, а во тој период не е примен ниту еден лекар или медицински кадар. По Нова година е најавено дека дел од кадарот од гинекологија, анестезиологија, лаборанти и сестри од хируршките оддели ќе заминат во приватна болница.

Заминувањето на кадарот од штипската болница во приватното здравство ќе биде сериозен удар, бидејќи како што вели Ѓеорѓијев со години се создаваат, едуцираат медицински сестри за анестозиологија, операциони сали и акушерство. Затоа е потребно веднаш да се пополнат испразните места, со цел да не трпат пациентите од два региони во земјава.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе