Вести Македонија Најважни

Онишченко за Телма: Не сум плаќал ништо во Македонија за државјанство, тие мора да ми платат за успесите кои ќе ги носам

Укрианецот Олександр Онишченко за Телма во комуникација преку Ватсап тврди дека не поднесувал лажни информации во процедурата за македонско државјанство и дека целиот случа е спорт и ништо друго.

  • Не сум направил никакви грешки и предадов точни и исправни документи, беше коментарот по одлуката на владата да почне постапка за поништување на неговото државјанство поради користење невистинити и неточни информации или лажни документи.

Според него, тој дошол само да помогне за Олимпијадата.

  • Еден од македонските јавачи ме убеди да настапувам за Македонија за да помогнам на националниот тим.Имам две државјанства, но последните две години се натпреварував за Русија. Не гледам никаков проблем со тоа. За тимот на Украина досега сум се квалификувал 4 пати на Олимпијада. Сето ова е спорт и за спортот и не ми треба ништо друго, ни одговори Онишченко преку порака.

На нашето прашање дали платил некому за државјанството, првин возврати со контра прашање, „за што да платам“, па на наше појаснување за сомнжите во државата ни одговори дека не плаќал.

  • Не сум морал да платам никому. Федерацијата побара помош за да организирам тим за Олимпијадата. Тие мора да ми платат за што ја претставувам Македонија и може да направм тимски успех, одговори Онишченко за Телма без да одговори конкретно за сомнежите во јавноста поврзани со мито за државјанството.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црна Гора ги врати „батинашите“ на Вучиќ од Тиват во Белград – Србија ги блокираше граничните премини со соседната држава

Дејан Дејан

Почна судењето за ИПАРД – меѓу осуммината на обвинителна клупа е и поранешен министер

Дејан Дејан

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе