Вести Македонија Најважни

Обвинителот Абази продолжи да напредува- во една недела две функции, влегува и во УО на Академијата за судии и обвинители каде на обука е неговата сопруга

Пет дена откако беше избран за шеф на обвинителството за организиран криминал кариерата на Ислам Абази продолжи да напредува. Советот на јавни обвинители го предлага да биде и член управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители каде неговата сопруга  треба да полага завршен испит. На денешната седница го предложил заменик претседателот на Советот Арбер Исаку а останатите членови го изгаласал.

Токму сопругата на Абази ја привршува обуката на Академијата која е составена од теоретски и практичен дел и најдоцна до крајот на годината со колегите од генерацијата треба да полага завршен испит, пред да може да биде избрана за судија или обвинител.

Претседателот на советот на јавните обивнители Антонио Јолевски во телефонски разговор за Телма вели дека немал информација дека сопругата на Абази е на обука во Академијата и покрај тоа што медиумите известуваа за тоа и тој самиот потврди во првата изјава по изборот. Јолевски најави дека ќе провери и доколку е така смета дека постои судир на интерес во понеделник на седницата ќе предложи дискусија и измена на одлуката.

Освен Абази за член на УО, избрана е и Фиданка Рајевска која е член на советот на јавни обвинители, од редот на обвинителите а како заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

Според законот за акдемија на судии и јавни обвинители Управниот одбор е орган управување на академијата со долг список на надлежности и го сочинуваат 9 членови и заменици.  Двајца обвинители и двајца заменици предлага советот на јавни обвинители.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе