win-win Вести Емисии Македонија Топ вести

Јанчева во „Вин-Вин“: Сведочам на заробен град, неефективна администрација и неефективен Совет

Сведочам на заробен град, на неефективна администрација, на неефективен Совет. Колку претседателот да кажува дека Советот е ефективен, се тоа е насила, истакна Љубица Јанчева, советничка на СДСМ во Советот на Град Скопје во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Сведочам на никаква комуникација меѓу двата органа на Град Скопје. Тоа се Совет и градоначалник кои се две страни на една паричка и ако нема минимум заедничка кохезија, просперитет за градот нема, а ние сме сведоци на сето тоа. Жалам што добивме таква градоначалничка“, рече Јанчева која беше и во претходниот состав на Советот на Град Скопје.

Таа забележа дека никогаш досега не добила одговор на советничко прашање за што беше резервирана и последната седница на Советот на Град Скопје која се претвори во театар и вербални расправии и надмудрувања меѓу градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески.

„За усно не станува збор. Не сум добила ниту написмено, а нејзина должност е да дава одговор на секое советничко прашање што е поставени и на седница и во периодот меѓу две седници“, потенцира Јанчева.

На последната седница на Советот на Град Скопје, Арсовска и Славески го спуштија нивото на комуникација, а нивните меѓусебни надмудрувања имаше можност да ги слушне и јавноста.

„Еве овој микрофон ви е на располагање. Имате и фотелја што е многу поудобна од онаа во која што седите во магарешките клупи назад“, ѝ се обрати Славески на Арсовска и веднаш даде пауза од 15 минути бидејќи, како што рече, „повторно имаме неовластено користење на опрема“.

„Господине Хитлер, не сметам дека ви доликува да го правите овој циркус во овој Совет. Навистина е недолично тоа што го правите. Прво го кршите Уставот, второ сте ситен лопов и сте човек кој што краде и не е во ред тоа што го правите“, му возврати Арсовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе