Вести Свет

Десатанизација и дешејтанизација на Украина, нов поглед на рускиот повод за агресијата од советник во Кремљ

Украина треба да се „десатанизира“ затоа што се претворила во „тоталитарна хиперсекта“, смета Алексеј Павлов, помошник секретар во Рускиот национален совет на безбедноста, кој пак е предводен од Путин и неговиот аменик Дмитри Медведев.

Павлов во авторски коментар со наслов „Што се готви во „вештерскиот котел“. Неопаганските култови добиваат сила во Украина“ за веб-сајтот аиф.ру (Аргументи и факти), оправдување за руската агресија наоѓа во неправославните нови обичаи кои се појавиле во Украина по осамостојувањето во 90-тите години од минатиот век.

Употребата на вештерки и секти во аргументирање на потребата од нападот врз Украина е нов „плафон“ во рускиот јавен дискурс, и тоа не од некој автор- политички аутсајдер туку од човек кој има позиција во структурите на Кремљ. (продолжува по фотографијата)

Граѓаните на Украина според Павлов ги напуштиле православните вредности, па нужна за нив е десатанизација, односно ослободување од сатаната. Авторот тврди дека во Украина имало на стотина секти.

-Со интернетски манипулации и психотехнологија, новите власти ја претворија Украина од држава во тоталитарна хиперсекта. Всушност, властите во Киев се претворија во милитантни фанатици со ставови целосно спротивни на ставовите на нормалните луѓе, оценува Павлов во авторскиот текст.

Во иста реченица, советникот во рускиот совет на безбедност, дури се повикува на исламски дефиниции (додуша изречени од Чеченецот Кадиров) како потреба за повторно правење православци во Украина и тоа со руската специјална воена операција.

-Верувам дека со продолжување на специјалната војна операција (Русија така ја нарекува агресијата врз Украина) станува се поитно да се изврши десатанизацијата на Украина или како прикладно кажа Рамзан Кадиров, шефот на Чеченската Република, нејзина „целосна дешејтанизација“, наведува Павлов во своето писание кое е објавено во руски медиум којшто не се занимава со сатирични или хумористични текстови.

Што се однесува до зборот шејтан, тој во исламот претставува сатана, зол дух или ѓавол кој ги наведува луѓето на гревови. Зборот шејтан се користи со истото значење и во македонскиот јазик.

Војната во Украина почна на 24-ти февруари оваа година како птроцес на „денацификација“ на Украина, потоа се објаснуваше како враќање на руски територии и на „рускиот свет“, па се претвори во земање на територии на Украина со контроверзни и непризанени референдуми.

Но последното објаснување, поткрепено со слики на тотеми во шума во близина на Киев, е најхраброто и надреално, користи непостоечки зборови и поими од научно-медиумска фантастика, а се е зачинето со употреба на ѓаволот кој наводно преку култови и секти ги презел украинските лидери кои се во одбранбена војна.

Миомир Серафиновиќ

Во војната во Украина досега е предизвикана материјална штета во вредност од над 350 милијарди евра

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе