Вести Свет

Во војната во Украина досега е предизвикана материјална штета во вредност од над 350 милијарди евра

Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени денеска дека обновата на Украина ќе биде предизвик за повеќе генерации за чие надминување ќе биде потребна комбинираната сила на меѓународната заедница.

Зборувајќи на конференцијата во Берлин организирана со цел да се мобилизира меѓународна поддршка за реконструкцијата на Украина, кој Шолц го ко-организира со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, германскиот канцелар подвлече дека за Украина ќе биде неопходен нов „маршалов план за 21-иот век“ – алудирајќи на американскиот проект со кој се обновија западните економии по крајот на втората светска војна.

Од своја страна, претседателката на ЕК, изјави дека покрај долгорочната, повеќе –децениска поддршка, на Украина и е неопходна и брза помош веднаш, во ситуација кога Русија ја таргетира енергетската инфраструктура на оваа држава.

„Токму за тоа станува збор тука: ништо помалку од создавање на нов Маршалов план за 21-иот век. Генерациска задача која мора да започне веднаш. Обновата, реконструкцијата и модернизацијата на Украина, навистина ќе биде предизвик за генерациии, за кој ќе биде неопходна силата на целата меѓународната заедница. Но, исто така ќе биде и шанса за повеќе генерации, доколку успееме во тоа“ – изјави германскиот канцелар Шолц.

„Немаме време за губење. Степенот на уништување е застрашувачки. Светската Банка ја проценува цената на штетата на 350 милијарди евра. Тоа секако е многу повеќе од тоа што една земја или една унија може да ја обезбеди самата. Потребно е обединување. Јас работам со нашите земји членки со цел Унијата да обезбеди поддршка за Украина со околу 1,5 милијарди евра за секој месец во годината, што би значело околу 18 милијарди евра за 2023-тата година“ – потенцираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Нови тензии на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе