Вработените побараа или в.д. директорот Митовски сам да си поднесе оставка или да биде разрешен од градоначалничката Арсовска која и го постави на оваа позиција.
Рокот кој му го дадоа истекува утре, а доколку не биде испочитуван најавија дека ќе почнат со штрајк.
Иако Управниот Одбор ги поништи решенијата за отказ на 93 вработени во Водовод кои ги подели Митовски од синдикатот на јавното претпријатие велат дека мобингот и заканатите кон сите вработени продолжува.
Вчера пак градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска обвини дека најавениот штрајк во „Водовод“ всушност не е за работнички права туку за политички поени.
Според неа претпријатието со над 1.250 вработени е претворено во биро за вработување на политичките парити.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пак и порача на Арсовска да не шири паника, туку да помогне во борбата за остварување на правата на работниците и да ги спречи оние кои ги прекршуваат, а во спротивно ќе се потврдат фактите дека работничките права се кршат по нејзин диктат.