Вести Македонија Топ вести

Студентите на Факултетот за бизнис економија останаа без професори зашто в.д. директорката ги разрешила

Академската година не започна за студентите на приватниот Факултет за бизнис економија. Причина за тоа се отказите кои ги добиле професорите од в.д. директорката Жанина Кировска. Студентите се револтирани зашто нема кој да им држи часови, испити и нема пред кого да ги бранат дипломските трудови.

Ова што се случува на нашиот факултет значи е под секое човечко достоинство. Овие студенти што стојат зад мене сите се загрозени. Има студенти кои се четврта година , или имаат завршено четврта година и се пред дипломирање. Има студенти на трета година како што сум јас, на кои им е загрозена академската година,  изјави тодор соколов, студент на трета година на факултетот за бизнис и економија.

Соколов е еден од студентите кои в.д. директорката не успеала да ги убеди утрово , на состанокот, дека и покрај доцнењето академската година ќе почне, но студентите треба да почекаат додека не се изврши смена на отпуштените со нови професори.

Една од отпуштените професорки вели дека проблемите на факултетот се појавиле со назначувањето на Кировска за в.д. директорка. Таа од 14 септември до 6 октомври поделила откази на 6 професори. А, од нив двајца добиле откази откако Кировска била разрешена од Наставничкиот совет.

Проблемите почнаа во моментот кога ја назначивме за в.д. директор Д-р Жанина Кировска. Од тогаш факултетот почна да оди надолу и во овој момент сметаме дека е доведен на раб на пропаст. Затоа што од функционирањето на сега веќе разрешената директорка, факултетот остана без наставен кадар, вели анета сикалеска, отпуштена професорка.

Кировска вели дека отказите се по барање на основачот на факултетот- Фондацијата „ Ново образование за бизнис“ и дека ќе следи реорганизација.

Пронајдени се одредени незаконски функционирања на институцијата. И заради тоа основачот бараше да се превземат соодветни мерки кои што понатаму ќе имаат судска разрешница.Јас како в.д. директор на ФБЕ ги следам насоките. Имам факти со кои што се потврдуваат одлуките кои што се донесени за отказните решенија на колегите, вели кировска.

Сикалеска вели дека отказите се делеле за да се намали Наставничкиот совет што ќе гласа за смена на Кировска и дека таа двапати го бојкотирала изборот за нов директор.

А, Кировска демантира, со образложение дека иницијативните состаноци за избор на директор се одржувале додека таа била на други седници, што е спротивно на законот и Статут на факултетот.За отказите и мобингот, професорите упатиле повеќе преставки до надлежните институции.

Од МОН и од Просветниот инспекторат велат дека инспекцискиот надзор кој започнал пред викендот е во тек и откако ќе заврши, ќе биде подготвен записник и решение за постапување, по што ќе бидат споделени повеќе информации со јавноста. Ист одговор добивме и од Трудовиот инспекторат.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе