Вести Македонија Топ вести Топ тема

Пешева во „Топ тема“: Незаинтересираноста за животната средина е заедничка одлика на сите партии во Македонија во последните 10-тина години

Кога ќе имате состанок на 4 октомври, не може ништо да се направи, освен да се констатира или претпостави какви ќе бидат штетите во текот на зимата. Една работа е заедничка за сите партии во Македонија и за сите влади во изминатите 10-тина години, а тоа е незаинтересираноста за животната средина, изјави Ели Пешева од „О2 иницијатива“.

„Животната средина е начелно присутна во програмите за избори, ќе имаме милион состаноци, ќе се бара нашето мислење, ќе се вклучи по нешто во програмите, но кога ќе дојде моментот за реализација одеднаш никој ништо не слуша и сите викаат „не знам, тоа не е моја обврска, тоа е ингеренција на некој друг, на Инспекторат, на ова министерство, на општина“. Никогаш никој не е виновен, никој никогаш не треба да го донесе последниот збор и секогаш се завршува со „нема доволно пари“, вели Пешева.

Граѓаните се пред нов зимски период на загадување, бидејќи, според сите признанија на надлежните, ќе го има оти ќе дојде до замена на дел од горивата за производство на топлинска енергија, па наместо гас, многу повеќе годинава ќе се користи јаглен и мазут.

„Загадувањето на воздухот е прифатено како нешто редовно, како дел од секојдневието. Ние нема да подигнеме бело знаме, ниту ни паѓа на памет да се откажеме од притисоците што ги правиме со години, без прекин. Меѓутоа во фаза сме во која сите велат дека „сме соочени со енергетска криза, вие зборите за загадување на воздухот, на тоа ќе мислиме понатаму“. Не. Статистиката вели дека секоја година Македонија има покачување на бројот на смртни случаи за седум до осум проценти како последица на загадување на воздухот и тоа е најмногу во регионот. Сега кога ќе се вратиме со мазутот во 19 век, наредната година и таа по неа ќе биде уште потрагично“, предупредува Пешева.

Покрај Скопје, Тетово и Битола, како градови кои се најмногу погодени со загадување на воздухот, Пешева ги додава и Кичево, поради РЕК Осломеј, а ќе почне да работи и ТЕЦ Неготино. Како голем проблем, таа го посочи и загревањето на домаќинствата, потоа градежните активности во главниот град и катастрофалните сообраќајни прилики, со, како што нагласи, ужасно голем процент на возила кои што се стари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе