Во пресрет на завршните два дуели од Лигата на нации на УЕФА, селекторот на националниот тим Благоја Милевски најави дека до почетокот на квалификациите за Европското првенство нашата репрезентација ќе одигра три контролни натпревари.
Првиот меч е закажан за 22 октомври кога ќе и гостуваме на Саудиска Арабија и на овој дуел селекторот ќе смета на играчи кои настапуваат во домашниот шампионат.
Во текот на паузата поради Светскиот шампионат во Катар, Македонија закажа контрола со селекцијата на Финска, а тој натпревар ќе се одигра на 17 ноември во Скопје.
Во моментов се преговара за уште една контрола која би се играла на 20 ноември, а тогаш ќе се соочиме со Азербејџан исто така во Скопје.
ФОТО: Игор Паневски
