Спорт Фудбал

Дуели на поранешните шампиони во Ливерпул и Минхен

Вечерва се играат натпреварите од второто коло во А-Д сегментот од фудбалската Лига на шампиони.

Најголем интерес предизвикуваат мечевите на поранешните европски прваци во А и Ц конкуренцијата. Од 21 часот на Енфилд, Ливерпул по дебаклот во Неапол е домаќин на Ајакс додека во рамки на Ц групата на Алијанц арената во Минхен, Баерн ја пречекува Барселона.

Денешната програма се отвора со два натпревари што се играат од 18 часот и 45 минути во кои Викторија Плзен ќе се соочи со Интер, а во Д конкуренцијата во Лисабон, Спортинг за противник го има Тотенхем.

Мечот од А групата меѓу Ренџерс и Наполи по барање на домаќинот наместо вечерва ќе се одигра утре.

 

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИ

  1. КОЛО

А ГРУПА

ЛИВЕРПУЛ – АЈАКС

Б ГРУПА

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – АТЛЕТИКО МАДРИД

ПОРТО – БРИЖ

Ц ГРУПА

ВИКТОРИЈА ПЛЗЕН – ИНТЕР

БАЕРН – БАРСЕЛОНА

Д ГРУПА

СПОРТИНГ ЛИСАБОН – ТОТЕНХЕМ

ОЛИМПИК МАРСЕЈ – АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ

 

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белгијците го исмеваа Трамп откако ги прегазија САД на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Мерино го расплака Роналдо, Балогун не ги спаси САД од Белгија (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Белгија со порака до САД по победата: Поништете го сега ова!

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе