Вести Свет

Претседавачот на бордот на директори на „Лукоил“ загина по пад од прозор во болница во Москва

Претседавачот на бордот на директори на рускиот нафтен гигант, Лукоил, Равил Маганов, почина откако паднал од прозорец во болница во Москва.

67-годишниот Маганов, бил лекуван во централната клиничка болница во Москва и го загубил животот како последица од своите повреди, пренесуваат медиумит Новинската агенција ТАС, повикувајќи се на полициски извори, јави дека Маганов извршил самоубиство.

Тој бил сместен на болничко лекување по преживеаниот срцев удар, а исто така се лекувал со анти-депресиви. Неговата смрт е само последната во серијата смртни случаи на големи руски бизнисмени, кои загинаа во мистериозни околности.

Набргу по почетокот на руската инвазија на Украина, Лукоил повика на крај на војната. Уште во март, бордот на директори на оваа компанија повика судирите во Украина да завршат што е можно побргу, и изрази сочувство со жртвите на трагедијата.

Равил Маганов ја презеде функцијата претседавач на бордот на Лукоил пред две години, а почна да работи во приватната нафтена компанија уште во 1993-тата година. Во мај, поранешниот високо-рангиран директор во Лукоил, Александер Суботин, наводно загина под невообичаени околности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе