Денеска ќе се комплетира 3. коло во домашниот фудбалски шампионат, а дербито се игра во Струмица каде Академија Пандев ја пречекува Шкендија.
Силекс во Кратово е домаќин на Скопје додека Струга за противник го има Работнички кој очајно ја отвори новата сезона.
Во последниот натпревар од денешната програма Тиквеш ќе се соочи со Брегалница. Сите натпревари почнуваат во 17 часот.
Во првиот натпревар од третата рунда, вчера Македонија ЃП ја совлада Победа со 4:1.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
