Според пишувањето на шпанските медиуми тренерот на Барселона, Чави му порачал на Сержињо Дест до крајот на летниот преоден рок да најде нов клуб бидејќи тој нема да смета на неговите услуги во продолжението од сезоната.
Репрезентативецот на САД не е во комбинација и за вечерашниот дуел со Реал Сосиедад што е уште една јасна порака дека тој во следниов период мора да си замине од Камп Ноу.
Во следниве неколку дена екипата сигурно ја напушта Мартин Брајтвајт кој е пред трансфер во Мајорка, а во текот на следната недела се очекува од Барселона да си замине и Пјер Емерик Обамејанг кој е на прагот да потпише договор со Барселона.
Семјуел Умтити се уште не го реализирал трансферот во Лече, но и тој би требало наскоро да си замине од клубот и останува уште да се реши проблемот со Френки де Јонг и Мемфис Депај.
Холанѓанецот не сака да си замине од Камп Ноу, а сега веќе и пропадна трансферот во Манчестер Јунајтед откако Црвените ѓаволи потпишаа договор со Каземиро.
Додека Депај се уште размислува за преселба во Јувентус иако во последниве денови се пишуваше дека е прашање на време кога тој ќе замине во Торино.
За Каталонците како приоритет и натаму останува регистрацијата на Жил Кунде кој ќе го пропушти и денешниот дуел во Сан Себастијан.
Доколку се реализираат трансферите на сите играчи за кои во Барселона сметаат дека се прекубројни можно е уште некое изненадување до крајот на летниот преоден рок.
ФОТО: Игор Паневски
