Вести Свет

Истурил киселина наместо хлор за чистење на базен во бањата Тухељ во Хрватска- повредени 16 туристи

Најмалку 16 луѓе се повредени и хоспитализирани откако вдишале испарена хемикалија во бањата Тухељски Терме во северна  Хрватска, во близина на границата со Словенија.

Инцидентот се случил попладнево, а евакуирани се сите гости, главно туристи од Словенија, Италија и Германија, како и вработените во бањата

Повредените главно се жалат на проблеми со дишењето. 14 луѓе се згрижени во Општата болница Забок, а двајца се префрлени на лекување во Загреб, а еден е на интензивна нега. Сите почувствувале мирис на хемикалија по што почнале да се гушат, но следувала брза евакуација.

Директорот на бањата Тухељ изјавил дека инцидентот се случил по грешка на добавувачот на хлор за прочистување на водата во бањските базени.

-Околу 18 часот добавувачот на хемикалиидостави натриум хиперхлорид кој се користи за обработка на базенската вода и се чува во машинскиот оддел на базенот. За време на испораката, добавувачот направил грешка и во резервоарот истури киселина (PH-). Предизвикана е хемиска реакција во воздухот, а загадениот воздух се прошири кон сауните и welness центарот. Ситуацијата не беше предизвикана од базенската вода туку од киселината. Пристапено е пи протоколи за такви инциденти и беше изведена евакуација за неколку минути по откривањето, изјави за Вечерњи лист, Васја Чрерник, директор на бањата Тухељске Терме.

Тој најави дека бањскиот ресорт утре ќе функционира нормално иако во моментот се уште траат истражни активности проверки на надлежните служби за хемиски инциденти.

На терен пристигнале и пожарникари и полиција.

Покрај морскиот туризам, во северозападниот дел на Хрватска се  повеќе се вложува и во бањскиот туризам, а Тухељске терме е посетувана и од странски туристи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе