Вести Свет

Абазовиќ тврди дека причина за иницијативата за негова смена е борбата против шверцот на цигари

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на денешната парламентарна седница за изгласување недоверба во неговата влада во Подгорица, обвини дека зад оваа иницијатива стои градежната фирма „Бемакс“, за која додаде дека се занимава со шверц на цигари. Оваа компанија според Абазовиќ била поврзувана и со високо рангирани членови на Демократската партија на социјалистите на поранешниот неприкосновен лидер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Бемакс стоел и зад големата пратка цигари која во мај беше запленета во црногорското пристаниште Бар.

Абазовиќ посочи и целосно го раскринкал криминалниот Октопод, додавајќи дека шверцот на цигари е директно поврзан и со убиствата на главниот уредник на црногорскиот весник „Дан“, Душко Јовановиќ и сопственикот на хрватскиот „Национал“, Иво Пуканиќ.

Зошто сето ова се случува? Зошто? Затоа што постои само еден проблем. Тој проблем се вика заплена на цигари во пристаништето Бар. Заплената на цигари од месец мај во Бар ја предизвика приказната за тоа дека треба да се сруши премиерот Дритан Абазовиќ. Заплената која се случи во пристаништето Бар е поврзана со компанијата која се вика „Бемакс“ – изјави Абазовиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе