Вести Свет

Вучиќ и Курти денеска во нова рунда од дијалог во Брисел

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти денеска се среќаваат во Брисел во нова рунда дијалог за нормализација на односите, со посредство на ЕУ, по повеќе од една година.

Состанокот започнува во 10:30 часот, а домаќин е високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.
Борел ќе има одвоени средби и со Вучиќ и Курти, соопшти Европската служба за надворешни работи, а на крајот од средбата ќе се обрати и пред медиумите.

Неколку дена пред состанокот, Европската комисија објави дека „мора да има и ќе има дискусија“ за сите отворени прашања, нагласувајќи дека „најважно е двете страни да престанат со непријателствата, со запалливи пораки и тензии и да се дејствуваат одговорно“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе