Финската премиерка Сана Марин се најде на удар на жестоки критики откако на социјалните мрежи се појави видео од приватна забава, на која премиерката, заедно со неколку познати фински личности, танцува и пее. Иако на прв поглед овој настан не би требало да предизвика ништо повеќе од подбивни коментари за опуштеното издание на 36 годишната премиерка, сепак, на видеото во позадина може да се слшне разговор за кокаин.
Токму тоа предизвика жестоки реакции од опозицијата, а некои ја повикаа премиерката да направи тест за дрога и јавно да ги објави резултатите.
Марин ги отфрла обвинувањата и рече дека не правела ништо незаконско, туку само славела, пеела и се забавувала, додавајќи и дека не конзумирала премогу алкохол.
Hienoa, että nuoriso jaksaa juhlia ja kännätä… nuorissa on tulevaisuus.
Sanna & Ilari ❤️ pic.twitter.com/fBhN74Q6EP
— Kimmo Kymäläinen (@kymalainenkimmo) August 17, 2022
