Високите температури и сушата пресушија делови од реката Мол, оставајќи само матни базени со вода. Некогаш беше река што тече, дом на здрави популации на риби. Британската Агенцијата за животна средина се вклучи со план за спас. Со електрична струја ги зашеметуваат рибите за да можат да ги фатат и да ги преместат во делови од реката каде има повеќе вода.
„Ја разгледавме секоја друга опција. Можеме да видиме дека нивоата нема да се подобрат, иако штотуку имавме врнежи сега тоа едноставно не е доволно. И поради тоа, мораме да одиме на крајна фаза, која опфаќа отстранување на рибите и нивно спасување и преместување на друго место“, вели Џо Китаносоно, офицер за рибарство во Агенцијата за животна средина.
Преместувањето вдолж реката е ризично – некои нема да го преживеат ова патувањето. Но, со прениско ниво на кислород и превисоките температури во овие базени, тие сепак би умреле.
Тимот извлекол многу мали риби од водата. Потоа тие се ставаат во резервоари со кислород за да ги подобрат нивните шанси за преживување.
На велшко-англиската граница пресушува и реката Дор. Тоа е притока на реката Вај. Граѓанските научници ги тестираат нивоата на загаденост. Тие станаа поконцентрирани поради намаленото ниво на вода.
„ Нашите редовни тестирања на фосфати честопати се десет, 20 пати над горната граница, тоа е доста вознемирувачко“, вели научникот Маријан Елдинг Џонс.
Според неа треба да се направи повеќе, да се запре отпадните земјоделски и канализациски води да се одложуваат во водите на оваа река.
Еколозите велат дека добро е што деновиве врне дожд во овој дел од земјата, а според најавите дождови се очекуваат и во следните неколку дена. Но, според нив тие нема да бидат доволни за да ги надополнат исцрпените реки.
Климатските промени со катастрофално влијание врз Средоземното море и Европа




