Прекинати се рестрикциите на струја на Косово и од попладнево вратено е нормалното снабдување со струја, како реултат на соработката на косовската енергетска корпорација и албанската електро-енергетска компанија.
На Косово од осум часот утрово почнаа рестрикции на струјата, во период од два часа, на секои шест часа, за сите корисници, бидејќи енергетската компанијата веќе нема пари да купува струја од странство, и се сведе на дистрибуција само на домашна електрична енергија.
Косовското министерство за економија попладнево соопшти дека соработката со Албанија ќе продолжи и со други мерки за решавање на енергетската криза и вонредната ситуација во која се наоѓа земјата, и ги повика потрошувачите што повеќе да штедат електрична енергија.
