Вести Свет Топ вести

Кина одржува нови воени вежби во близина на Тајван

Кинеската армија соопшти дека денеска одржала нови воени вежби во близина на Тајван, во мигови кога група американски пратеници се во посета на Тајпеј каде се сретнаа со тајванската претседателка Цаи Инг-вен.

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина објави дека вежбите се „остро средство за одвраќање на Америка и Тајван кои продолжуваат со политички игри да го поткопуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.

Кинеското Министерство за одбрана посочи дека посетата на американски претставници на Тајван го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

Во соопштението на Пекинг уште еднаш се предупредува дека употребата на Тајван како средство за контрола врз Кина е осудено на неуспех.

Претходно овој месец Кина спроведе големи воени вежби во областа околу Тајван, по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајпеј.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварци може да се бањаат, не може да ја пијат водата

Sasko Dimovski

Возејќи рикверц бил ненамерно прегазен од чичко му – 27-годишен тетовец се здобил со тешки телесни повреди

Sasko Dimovski

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 28.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе