Вести Свет

Кадиров го повика Западот да соработува со Русија

„Западниот свет очигледно сè уште не може да разбере една работа. Денешна Русија не е Сојузот на републики на Горбачов и не е територија на Елцин изградена врз пуч, дефицит и неплаќање, напиша, меѓу другото, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот канал на Телеграм.

Ова е уште една силна и моќна Русија, а вие, западни политичари, мора да ја преиспитате не стратегијата за распаѓање на Руската Федерација, туку односот кон соработката со земја која е ограбена и понижена од Западот во изминатите 20 години, и денес е моќна политичка структура, реорганизирана, непопустлива, пишува Кадиров.

Русија знае како да стекне пријатели, а најдобар пријател меѓу сите земји во светот е оној кој е сигурен, искрен, оценува чеченскиот лидер.

Но, како што со право забележа нашиот претседател Владимир Владимирович Путин, ако некој сака залак од туѓа земја, ќе остане без заби и до крајот на животот ќе јаде џвакана храна што соседот му ја послужува на лажица во кревет. Научете да бидете пријатели со Русија – вашите сопствени заби ќе бидат поздрави, напиша Кадиров на апликацијата Телеграм.

Тој уште соопшти дека група доброволци се упатила кон Донбас.

Друга група доброволци се упати кон специјалната оперативна зона Донбас од меѓународниот аеродром во Грозни. Благодарение на одличната обука која ја пружи персоналот на Универзитетот за обука на специјалните сили, волонтерите се добро подготвени за да решаваат оперативни задачи, порача Кадиров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Кривични за семејно насилство – еден син ја влечел мајка му со кола, а друг со тупаници барал пари од својата мајка – обвинителството бара мерки за претпазливост

Дејан Дејан

Стомачните тегоби не стивнуваат, но епидемилошката состојба полека се смирува, велат епидемиолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе