Вести Свет

Велика Британија воведува рестрикции во водоснабдувањето поради сушата

Британската водоводна компанија „Јоркшир вотер“ денеска најави воведување на одредени рестрикции од 26 август. Причината е што делови на северна Англија имале најмалку врнежи откако почнале да се евидентираат, пред повеќе од 130 години.

Екстремно топлото и суво време предизвика реките во Јоркшир да исчезнуваат и нашите резервоари да бидат околу 20 отсто пониски, отколку што би очекувале за овој период од годината, соопштија од компанијата.

Уште неколку водоводни компании веќе најавија ограничувања во користењето вода.

Забраната за користење црева за наводнување и прскалици за корисниците на компанијата „Саут ист вотер“ ќе стапи во сила денеска, а ограничувања планира и „Темза вотер“, што снабдува 15 милиони луѓе низ Лондон.

Претходно неделава, британскиот министер за животна средина Џорџ Јустис ги повика компаниите за водоснабдување да преземат мерки на претпазливост, со цел да се заштити снабдувањето со вода и да се справат со последиците од продолжената суша, бидејќи се предвидува уште еден топлотен бран во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе