Вести Свет

САД повикаа на создавање на демилитаризирана зона околу електраната Запорожје во Украина

Американските власти денеска ја повикаа Русија да ги прекине воените операции околу нуклеарната централа Запорожје во Украина и додадоа дека го поддржуваат барањето на Киев за создавање демилитаризирана зона во областа.

Борбите во близина на нуклеарната централа се опасни и неодговорни, рече портпарол на Стејт департментот, додавајќи дека САД и натаму ја повикуваат Русија да ги прекине сите воени операции околу нуклеарната централа и да ја врати под целосна контрола на Украина.

Портпаролот додаде дека САД „ги поддржуваат украинските повици за создавање на демилитаризирана зона околу нуклеарната централа“.

Тој додаде дека САД „ги поддржуваат украинските повици за создавање на демилитаризирана зона околу нуклеарната централа“.

Таа област денеска повторно беше бомбардирана, а Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за тие напади.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди на опасност од нуклеарна катастрофа, пред итниот состанок на Советот за безбедност на ОН на оваа тема,  по барање на Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на формирање на демилитаризирана зона во Запорожје, која руските сили ја презедоа на 4 март, веднаш по почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе