Вести Свет

Рекорден раст на цените на храната во САД

Вкупните цени на храната во САД во јули се зголемени за 10,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Тоа е најголем раст на храната од 1979 година, според податоците објавени од Министерството за труд. Неколку основни производи како житариците и одредени млечни производи бележат рекорден пораст од година во година.

Додека основната стапка на инфлација се намали во однос на претходниот месец, главно поради падот на цените на енергијата, зголемените трошоци за храна, растот на наемнините продолжуваат да ги притискаат потрошувачите, посебно Американците со ниски приходи, јави Блумберг.

Конкретно, цените на супите се рекордно зголемени за 19,1 проценти, житарици за 16,8, храна за бебиња за 15 и замрзнато овошје и зеленчук бележи раст од 10,6 отсто. Исто така, цената на јајцата во американските продавници е зголемена за 38 проценти, што е највисоко ниво од октомври 2007 година, а цените на млечните производи се зголемија за 14,9 отсто, што е највисоко ниво од јуни 2004 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе