Вести Македонија Најважни

Повредени се 35 мигранти во синоќешната сообраќајка на патот Гевгелија – Демир Капија

Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот.

Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, еден од мигрантите е со потешки повреди, а останатите имале полесни повреди.

Според кажувањата на мигрантите сите се од Сирија, бидејќи некои имале патни исправи, а некои немале. Синоќа во 18:10 е пријавено дека товарно возило излетало од патот на клучка од село Марвинци кон М1, регионален пат Гевгелија – Демир Капија. Возачот побегнал, а на местото на излетувањето на камионот се пронајдени мигрантите, изјави Трајанова.

Повредените биле пренесени во гевгелиската и струмичката болница, а по укажаната помош еден е задржан на лекување во Гевгелија и еден е испратен на понатамашно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Мигрантите беа донесени со возила на итната медицинска помош од Валандово, Кавадарци, Неготино и Гевгелија. Вкупно беа згрижени 24 лица со различен тип и тежина на повреди. По направените прегледи констатирано е дека 22 лица се со полесни повреди и по санирањето лицата се испратени во Прифатниот центар „Винојуг“. Две лица со потешки повреди се испратени во Скопје. Едното од нив е задржано, а другиот е вратен на хируршкото оделение во нашата болница. Според информациите од колегите тоа е во добра здравствена состојба и ќе биде префрлен во Прифатниот центар, изјави д-р Митко Крџев, директор на болницата во Гевгелија.

Единаесет од повредените мигранти синоќа биле примени во струмичката болница, каде по укажаната помош се пратени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе