Вести Свет

Трамп одби да сведочи во истрагата против него за затајување данок

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп одбил да сведочи во случајот што го отвори њујоршкиот обвинител против него за затајување данок. Трамп се повикал на Петтиот амандман од американскито Устав, кој ги заштитува луѓето од принуда да сведочат против себе во криминален случај. Во писмено соопштение Трамп ја нарече лов на вештерки истрагата на њујоршката главна обвинителка Летита Џејмс, обвинувајќи дека залудно биле потрошени десетици милиони долари од даночните обврзници.

Одбив да одговорам на прашањата според правата и привилегиите доделени на секој граѓанин под Уставот на САД, соопшти Трамп еден час откако заедно со своите адвокати беше во канцеларијата на Главниот обвинител на Њујорк.

Повикот за сослушување на поранешниоt претседател доаѓа само неколку денови откако Федералното истражно биро изврши претрес во неговиот имот на Флорида, како дел од посебна истрага против него поради злоупотреба на доверлив материјал.

Покрај истрагата на њујоршкиот обвинител, која е цивилна, против Трамп е отворена и уште една истрага од страна на канцеларијата на обвинителот за Менхетан, која може да резултира со кривична пријава. Правните експерти проценуваат дека обивањето на Трамп да сведочи во цивилната истрага се должи токму на тоа, дека одговорите кои би ги дал во цивилната истрага би можеле да бидат искористени против него во кривичната истрага на обвинителството од Менхентан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе