Вести Свет

Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Родос, спасени 29 лица

Од рано утрово во тек е спасувачка акција во морскиот дел јужно од грчкиот остров Родос за пронаоѓање на бегалци и мигранти, а веќе се спасени 29 лица од околу 80 кои се пренесувале во чамецот што се нашол во тешка положба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека утрово биле информирани дека чамец со странски државјани е во тешка положба, по што веднаш започнала акцијата во која учествуваат два чамци за спасување на крајбрежната служба, еден брод на воената морнарица, три брода што се во близина, како и хеликоптер Супер пума.

Досега, спасени се 29 лица, додека според она што тие го кажале, во чамецот имало околу 80 бегалци и мигранти.

Спасувачката акција е на 38 наутички милји јужно од Родос во меѓународните води и во рамките на делот во кој Грција е одговорна за потрага и спасување.

Од првиот момент бил информиран министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис, кој дал наредба веднаш да се мобилизираат сите средства за спасување на лицата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе