Вести Свет

ЕУ одобри 261 милион евра помош за палестинските бегалци

Европската унија одобри 261 милион евра за финансирање на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).

Европската комисија во соопштението наведе дека усвоила тригодишен придонес во износ од 261 милион евра „за да и се обезбеди на Агенцијата предвидливи финансиски средства за обезбедување основни услуги за палестинските бегалци“.

Веќе договорените 246 милиони евра финансиска помош беа дополнети со уште 15 милиони за да се ублажи влијанието на нестабилноста околу снабдувањето со храна, отежната од војната во Украина, се вели во соопштението.

„Нашата поддршка за УНРВА е клучен елемент во нашата стратегија да придонесеме за безбедноста, стабилноста и развојот во регионот, што исто така помага да се зачуваат изгледите за одржлив мир меѓу Израелците и Палестинците“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Во периодот меѓу 2021 и 2024 година, ЕУ планира да обезбеди вкупно 1,15 милијарди евра финансиска помош за палестинската управа и УНРВА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе