Вести Свет

Минатиот јули еден од најтоплите досега забележани во светски рамки

Минатиот јули беше еден од најтоплите што било кога се забележани откако се води статистика, соопшти денеска Светската метеоролошка организација, специјализираната агенција на ОН со седиште во Женева.

Можеме да кажеме дека овогодинешниот јули е еден од трите најтопли досега забележани, со интензивен и долготраен топлотен бран што зафати многу делови од Европа, изјави портпаролката на организацијата Клер Нулис.

На прес-конференцијата е соопштено дека јули оваа година бил незначително постуден само од оној пред две години, но и за нијанса потопол од 2016.

Но, температурната разлика меѓу тие три месеци беше навистина многу мала, рече Нулис.

На глобално ниво, температурата забележана изминатиот месец е за 0,4 степени Целзиусови повисока од референтната за периодот од 1991 до 2020 година, и тоа во услови кога поради природниот феномен Ла Ниња се очекуваше „ефект на ладење“.

Минатиот месец Светската метеоролошка организација ги повика светските лидери да се „разбудат“, со предупредување дека Европа минува низ низа невообичаени топлотни бранови кои поради климатските промени ќе зачестуваат и ќе се случуваат континуирано барем до 2060 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе