Вести Свет

Лидерот на Исламскиот џихад му се закани на Израел со обновени напади

Лидерот на Исламски џихад, Зијад Нахалах   еден ден по стапувањето на сила на прекинот на огнот, се закани дека ќе продолжи со нападите врз Израел доколку двајца членови на палестинската екстремистичка организација не бидат ослободени од израелски затвор.

Во интервју за телевизиската мрежа „Палестина денес“ на Исламски џихад, Нахалах рече дека прекинот на огнот е воспоставен под услов Израел да го ослободи Басам ал Сади, водачот на организацијата на Западниот Брег, и Калил Ававдех, кој моментално штрајкува со глад во притвор, а против него не е покренато обвинение.

„Од самиот почеток инсистиравме двајцата лидери да бидат ослободени, братот што штрајкува со глад и Басам ал-Сади… За Басам ал Саади добивме директно писмено ветување дека Египет ветува дека ќе го ослободи што е можно поскоро“, рече Нахала.

Израелските власти негираа дека е постигнат таков договор и изјавија дека немаат намера да ослободат ниту еден од двајцата уапсени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе