Вести Свет

Во Виена завршија преговорите за иранскиот нуклеарен договор, се чека одобрување

Завршија преговорите во Виена за обновување на иранскиот нуклеарен договор. Дипломатите од вклучените земји си заминаа со привремен текст за нов договор со што постои надеж дека ќе се спречи Техеран да развива нуклеарно оружје, јави ДПА.

Треба да се каже да или не, изјави неименуван висок претставник на Европската Унија во Виена, додавајќи дека не останало ништо за преговарање и опишувајќи го текстот како „многу добар компромис за сите страни“.

Според дипломатот, земјите што се вклучени – Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија, САД – се очекува да одговорат за неколку недели.

Земјите бараа решение за да се надминат разликите околу укинување на санкциите против Иран, а за возврат повторно да се постават рестрикции на нуклеарната програма на земјата.

Во 2015 година САД, Франција, Германија, Велика Британија, Русија и Кина постигнаа договор со Иран, со кој Техеран  се согласи да го ограничи збогатувањето ураниум под надзор на инспекторите на ОН во замена за укинување на економските санкции, Но, три години подоцна, поранешниот американски претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од Договорот, а Иран почна да користи напредни центрифуги и брзо ги зголеми резервите на збогатен ураниум, со што го крши Договорот.

Официјален Техеран тврди дека нуклеарната енергија е за мировни цели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе