Вести Свет

Возачот изгубил контрола над автобусот – обдукцијата ќе покаже дали бил под дејство на алкохол

Заврши увидот за стравичната автобуска сообраќајна несреќа што утринава го потресе регионот, во која 12 патници го изгубија животот, а 32 лице се повредени. Според полицискиот извештај утврдено е дека возачот ја изгубил контролата над воланот, возилото свртило кон десно и ја пробило заштитната ограда по што завршило во канал. За да се утврди причината за несреќата, ќе се прави обдукација на настраданите, а на двајцата возачи ќе им се испитува дали биле под дејство на алкохол.  Автобусот со двајацата шофери превезувал 42 патника, а покрај починатите, сите се повредени и хоспитализирани и 19 од нив се во критична состојба.

За жал првично беа 33 повредени патници но подоцна на Клиничката болница во Загреб едно им подлегна на повредите, па во овој момент имаме 32 повредени, починати се 12 лица, едно лице повеќе во однос на претходните информации, и имаме 19 тешко повредени и 12 со полесни повреди. Во општата болница во Вараждин се сместени 11 пациенти, од нив 5 со тешки телесни повреди, и кои се сместени во единиците за интензивно лечење, и 6 се полесно повредени патници распоредени по другите оддели, изјави хрватскиот министер за здравство. 

 

Автобусот со полски регистраски таблички, превезувал верници кои требале да стигнат од Варшава до католичкото свето место Меѓугорје на југот од Босна и Херцеговина. Меѓу загинатите имало тројца свештеници и шест калуѓерки, но нема деца. Еден од повредените за хрватските медиуми раскажува дека се се случило набрзина и било конфузно.

Ме боли ногата, а и главата. Ме болат градите тука, исто така. Чувствувам слабост на целото тело, температура, треска.

Повредените се распределени во пет болници. Од болницата во Вараждин велат дека кај нив има 11 повредени, од кои шест се во тешка здравствена состојба, со повреди по целото тело.

Некои операции се уште се во тек. Пациентите кои сега не се на операција кај нив ќе бидат потребни уште неколку дополнителни зафати штом ќе бидат стабилизирани. Имаме шест пациенти кои имаат повредено повеќе органски системи, вели хирургот Радо Жиќ.

Први кои пристигнале на местото на несреќата биле локалните пожарникари. Еден од нив сведочи дека автобусот се забил во бездната, и целиот преден дел од него наликувал како да удрил во ѕид. Еден од возачите излетал од ветробранското стакло, а другиот бил во автобустот. „Ги извлекувавме мртвите од под автобусот, и им помагавме на повредените. Ваков хорор немам доживеано откако сум пожарникар, а имам 60 години“, сведочи за Јутарњи Лист командирот на локалната противпожарна единица.

Од полското министерство за инфраструктура известија дека автобусот бил регистриран во Полска и ги поминал сите пропишани контроли, а повеќе информации се чека по анализата на апаратите за снимање присутни во автобусот.

Сообраќајот е особено густ во текот на летните месеци по патиштата во Хрватска, кои секоја година пречекуваат милиони туристи, особено на Јадранскиот брег. Полските туристи се меѓу најбројните: меѓу јануари и јули, повеќе од 580.000 полски туристи ја посетиле Хрватска.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе