Вести Свет

САД, Русија и Кина седнаа на заедничка маса во разговорите со земјите од југоисточна Азија

Во услови на изразени тензии меѓу глобалните сили, за прв пат од почетокот на војната во Украина, како и по влошувањето на односите меѓи Кина и Тајван поради посетата на Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј, на иста маса седнаа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министрите за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и на Кина, Ванг Ји. Денеска во Пном Пен, Камбоџа, се одржува источноазискиот Самит на Асоцијацијата на државите од југоисточна Азија. Форумот го отвори министерот за надворешни работи на Камбоџа, Прак Сохон кој рече дека годинава настанот се одржува во услови на многу опасности во исто време и изрази надеж дека сите делегати ќе го искористат Форумот како средство за ангажман и меѓусебна комуникација.

Сите овие вкрстени димензионални прашања на еден или на друг начин ја погодија секоја нација. Затоа ги повикуваме сите заедно да одговориме на нашите предизвици за да можеме да обезбедиме траен мир и стабилност, изјави министерот за надворешни работи Прак Сохон.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија рече дека Кина направила најголеми дипломатски напори за да ја избегне кризата, но дека никогаш нема да дозволи нејзините суштински интереси да бидат загрозени.

Она што Кина го брани е нејзиниот сопствен суверенитет и територијален интегритет. Она што го прави Кина е заштита на основните норми кои ги регулираат меѓународните односи и заедничките интереси на повеќето земји. Немешањето во внатрешните работи е најосновниот принцип за одржување на мирот и стабилноста во нашиот свет, нагласи Ванг Ји министер за надворечни работи на Кина.

 Како демонстрација на сила, Кина почна воени маневри околу Тајван, а Тајпеј утрово соопшти дека 10 воени бродови на кинеската армија и 20 ловци ја преминале линијата на раздвојување и накратко го нарушиле воздушниот остров.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ваквите чекори на Кина ги оцени како „провокации” кои претставуваат „значителна ескалација” на тензиите.

САД нема да бидат испровоцирани. Ќе продолжиме да го правиме она што го правевме долго време, ќе поддржуваме мир и стабилност меѓу теснецот и слободен и отворен Индо-Пацифик. Ќе го видите тоа во деновите и неделите што следат. Ќе се држиме до нашите сојузници и партнери и ќе работиме со и преку регионалните организации за да им овозможиме на пријателите во регионот да донесуваат свои одлуки, ослободени од принуда, рече американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

 Меѓувреме Белата куќа го повика на разговор кинескиот амбасадор во Вашингтон, Чин Ганг, за да му ја изрази осудата на „ескалацијата на акции“ против Тајван и да повтори дека САД не сакаат криза во регионот.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе