Вести Свет

Ескобар: Заедницата на српските општини треба да се примени и за тоа мора да се разговара

Американскиот пратеник за Западен Балкан и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Габриел Ескобар, денеска изјави дека мора да се спроведат сите претходно постигнати договори меѓу Србија и Косово, вклучително и Заедницата на српски општини и дека за тоа треба да се разговара на средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти подоцна овој месец.

Во разговор со новинарите, Ескобар рече дека се надева дека овој месец ќе отвори можности за напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, не само во однос на изнаоѓање трајно решение за регистарските таблички, туку и во однос на договорот за Заедницата на српски општини.

Според него, Заедницата „не треба да противречи на Уставот на Косово, не треба да создава проблеми во функционалноста на Косово и не треба да биде држава во држава“.

Ескобар ги повика српските и косовските лидери да се вклучат во конструктивен дијалог, кој, како што рече, е клучот за иднината на Србија и Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе