Вести Свет Топ вести

Акар: Три брода со жито денеска ќе испловат од украинските пристаништа

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека три брода со жито денеска треба да ги напуштат украинските пристаништа, соопшти неговото министерство.

Првиот брод исплови од Одеса во понеделникот и за 36 часа пристигна во Босфор, според договорот меѓу Русија и Украина, а во посредство на Турција и ОН.

Договорот за непречена пловидба на бродовите со жито низ Црното Море треба да ја олесни глобалната криза со храна предизвикана од војната во Украина.

Акар вчера разговараше со украинските министри за одбрана и за инфраструктура за продолжување на извозот на жито, што го организира Заеднички координативен центар сместен во Истанбул.

Резултат на интензивната работа и координација во Центарот е договорот нови три брода со жито да испловат од украинските пристаништа, рече Акар.

Тој, меѓутоа, не кажа од кои пристаништа ќе испловат бродовите, но додаде дека еден празен брод треба да замине за Украина откако ќе биде извршена инспекција во Истанбул.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе