Вести Ракомет Спорт Топ вести

Ракометарките стигнаа до бод против Шведска, четвртфиналето на дофат

Женската ракометна репрезентација на Македонија во првиот дуел од Главната рунда на Светското првенство за младинки што се одржува во Скопје освоија бод против Шведска откако со погодокот на Теодора Дукоска во последните секунди стигнаа до 20:20.

Лошите отворања на првото и второто полувреме, но и грубата игра во одбраната на Швеѓанките се причината поради која освоивме бод во овој дуел, а на моменти имавме шанса и за поубедлива предност со која ќе бевме поблиску до победа.

Шведска во седмата минута поведе со 4:1 и предноста ја одржуваше се до 21-та минута од првиот дел кога со серија од 6:0, Македонија стигна до водство од 10:9, а на одмор заминавме со предност од 12:10.

Во второто полувреме на првиот гол на нашата репрезентација чекавме 10 минути, но и овој дел од мечот Шведска само успеа да ја надополни негативата од два гола по првите триесет минути.

Во завршните 10 минути Швеѓанките влегоа со предност од 17:15, но во завршницата успеавме да се вратиме во мечот, да стигнеме до израмнување, но и да пропуштиме низа шанси за водство.

Сепак на крајот Македонија со огромна поддршка од трибините успеа да стигне до бод, а за влез во четвртфиналето се уште ни е потребна победа над Исланд в петок или да се избориме за уште еден нерешен резултат.

Најефикасна во македонската репрезентација со пет гола беше Ива Младеновска, а по три пати прецизни беа Емилијана Ризоска, Дукоска и Ива Велкова додека Марија Јовановска имаше 11 интервенции.

Следниот натпревар против Исланд го играме в петок во арената Борис Трајковски, а почетокот е закажан за 20 часот и 30 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Дејан Дејан

Европската комисија спроведува постапка против ,,Мета” за дезинформации и лажни вести

Дејан Дејан

Срце го боли за Сдсмовците бидејќи смета дека се во заложништво, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 24-часовен рок за оставки на раководството на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе