Вести Свет Топ вести

Лиз Трас во блага предност пред Руши Сунак во трката за премиерската функција

Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, фаворитот за наследник на Борис Џонсон на позицијата британски премиер, има многу потесна предност пред нејзиниот ривал, министерот за финансии Риши Сунак отколку што првично се мислеше, се гледа од најновата анкета за гласањето на членството на Конзервативната партија.

Трус има поддршка од 48 отсто од членовите на Конзервативната партија во споредба со 43 отсто за поранешниот министер за финансии, покажа анкетата на италијанската агенција „Техне“ спроведена од 19 до 27 јули врз  807 партиски членови, јавија западните медиуми.

Тоа укажува на многу понеизвеснат6а трка отколку во претходната анкета на членовите на Конзервативната партија, спроведена од YouGov од 20 до 21 јули, која покажа дека Трас води со 24 отсто пред Сунак.

Сунак и Трус се натпреваруваат во летната турнеја низ Британија за гласовите на околу 200.000 членови на Конзервативната партија кои ќе го изберат следниот премиер, а победникот се очекува да биде објавен на 5 септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе