Вести Свет Топ вести

Канзас гласаше против ограничување на правата на абортус

Граѓаните на американската сојузна држава Канзас синоќа на референдум се изјаснија против обидот за укинување на уставната заштита на правото на абортус. Овој неочекуван резултат во првото изјаснување на граѓаните откако американскиот Врховен суд ја отфрли пресудата од предметот „Ро против Вејд“ има потенцијал да влијае и врз престојните „мидтерм“ избори за Конгресот наесен, оценуваат американските медиуми.

Жителите на Канзас гласаа по однос амандманот поврзан со пресудата на Врховниот суд од 2019 година, со која се гарантира правото на абортус до 22-та недела од бременоста.

Парламентот на таа сојузна држава во која мнозинството го држат Републиканците донесе амандман за отфрлање на тоа уставно право, со цел уредувањето на тоа прашање да се врати во ингеренција на пратениците.

По пребројувањето на 98 отсто од гласовите, против амандманот се изјасниле 59 отсто од гласачите, а за негова поддршка гласале 41 проценти од граѓаните.

Тоа значи дека Парламентот на Канзас нема да може да носи одлуки со кои би се ограначувало правото на абортус. Голем број пациентки доаѓаа на таква медицинска процедура во таа конзервативна сојузна држава од блиските држави Тексас, Оклахома и Мисури каде абортусот е целосно забранет.

По објавените резултати демократите се охрабрени дека прашањето за абортусот ќе значи привлекување на гласачите за во ноември предвидените среднорочни избори, независно од нивното незадоволство поради големата инфлација во земјата.

„Ова треба да биде повик за будење за противниците на абортусот. Кога целосната забрана ќе стане реална можност, ќе имате многу луѓе што ќе излегуваат на гласање, а истовремено ќе губите многу повеќе од поумерените поддржувачи на ограничувањата за абортусот“, изјави Нил Ален, политиколог од Универзитетот во Вичита.

Изјаснувањето во Канзас е прво од неколкуте во САД, на кои државите ќе одлучуваат за прашањето на абортусот. Најавено е референдумско изјаснување и во сојузните држави Кентаки, Калифорнија, Вермонт, веројатно и во Мичиген.

Претседателот Џо Бајден им се придружи на демократите низ САД во пофалбите за резултатите од изјаснувањето во Канзас.

Ова гласање го покажува јасно она што веќе го знаеме, дека мнозинството Американци се согласуваат дека жените треба да имаат пристап до абортус и да имаат право да носат свои здравствени одлуки, рече Бајден.

Резултатите од анкетата што во февруари ги објави Универзитетот „Форт Хејс“ покажа дека мнозинството жители на Канзас не поддржуваат целосна забрана на абортусот. Околу 60 проценти од нив не се согласуваат дека абортусот треба да биде целосно нелегален, а 50,5 отсто од нив рекле дека „Владата на Канзас не треба да поставува никакви регулативи за околностите под кои“ се спроведува процедурата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе